x

LG со телефон за девојките

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 16 Август, 2013 од GSM.mk

LG покажа дека не се фокусира само на технологијата за мажи, туку приготвува и нешто посебно за девојките. Компанијата прикажа „цветна“ варијанта од телефонот L5 II Dual..

Телефонот нема да ве импресионира со перформансите, но веројатно неговиот изглед ќе им се допадне на девојките. Станува збор за пристоен телефон со процесор од 1GHz, 4 инчен екран на допир со резолуција од 800 x 480 пиксели и 5 мегапикселна камера. Односно, доволно е брз за сите основни работи како Facebook и сурфање, има одлична камера за Instagram и голем екран со пристојна резолуција.

Околу цената, LG планира да ја задржи цифрата од 250 долари, што се однесува на отклучената верзија на телефонот. Тоа значи дека ќе работи на сите наши оператори, иако цената во голема мера зависи и од самата земја...наша претпоставка е дека во Македонија овој телефон би чинел околу 200-тина евра без договор со оператор.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.