x

LG Stylo 5: Фотографии

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 10 Јуни, 2019 од GSM.mk

LG Stylo серијата е релативно популарна во Америка. Токму поради тоа, јужнокорејската компанија планира наскоро да претстави нов уред во серијата..

Станува збор за LG Stylo 5, уред кој не доаѓа со голем број промени во дизајнот и наликува на неговиот претходник. Најверојатно компанијата е задоволна со изгледот на уредите и планира да го задржи за сите идни модели.

Случајно или не, името на уредот неодамна се појави на веб-страната на компанијата, што значи дека неговото претставување најверојатно ќе биде наскоро. Единствените детали кои беа спомнати со името е присуството на 3.5mm отвор за аудио и USB Type-C отвор.


За жал, останатите спецификации не се познати.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.