x

LG V40 ThinQ: Цена и достапност

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 09 Јули, 2018 од GSM.mk

Слично како Samsung што ги припрема своите премиум уреди за втората половина од 2018 година, LG планира да претстави нови смартфони во V линијата, кои ќе доаѓаат со значителни подобрувања..

Во 2015 година, претставувањето на LG V10 цел месец по IFA настанот беше изненадување. Официјално беше најавен на 1 октомври, а достапен за продажба една недела подоцна, на 8 октомври. Во 2016 година, LG го претстави неговиот следбеник - LG V20. Овој пат, уредот беше претставен малку порано, на 6 септември, но достапен за продажба 23 дена потоа. Потоа, во 2017, LG V30 пристигна за време на IFA настанот во Берлин, на 31 август, со продажба од 21 септември.

Интересно е што подоцна, V30 беше повторен претставен како, LG V30S ThinQ и LG V35 ThinQ- уреди кои доаѓаа со неколку подобрувања во однос на обичната верзија, особено кај камерите, како и нови AI функции. По сетоа ова, новиот V40 го очекуваме повторно за време на IFA настанот, исто како V30, или најдоцна во септември. Со други зборови, V40 ќе биде најавен на 31 август или при првата недела од септември, а официјално достапен во периодот помеѓу 21 и 28 септември.

Во однос на цената, не очекуваме големи разлики спрема неговите претходници. Почетната цена ќе биде помеѓу 900 до 930 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.