x

Лични податоци на 500 милиони корисници на LinkedIn завршија на dark web

Категорија: Занимливости Објавено на 13 Април, 2021 од GSM.mk

LinkedIn, платформа која служи за барање работа, призна дека се украдени лични податоци од профили на повеќе од 500 милиони корисници.

Кражбата ја откри веб-сајтот CyberNews во чиј извештај пишува дека се украдени лични податоци на корисници, како што се име, презиме, пол, број на телефон, и се продаваат на dark web.


„Преземаме мерки за да ги заштитиме личните податоци на нашата компанија“, известуваат од LinkedIn.

LinkedIn е основан во 2002 година, има повеќе од 740 милиони корисници во повеќе од 200 милиони држави.

Некои од корисниците изразија загриженост и напишаа дека сега е вистинското време да ги избришат профилите.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.