Инженерите Еу-вен Динг и Џеф Чен дизајнираа кацига за велосипедисти со вградени светла кои сигнализираат кога велосипедот ќе сврти или закочи.

Станува збор за кацигата Lumos која победи на Beazley Designs of the Year 2016, во категоријата транспортен дизајн, со цел да им помогне на велосипедистите и возачите да се чувствуваат побезбедно во сообраќајот.
Во кацигата има 60 LED светилки кои светат со различни бои и го покажуваат следниот чекор. Така, кога велосипедистот ќе застане се појавува црвено светло. Кацигата е водоотпорна и може да се користи и кога врне дожд, пишува Dezeen.
Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.