x

MagicScroll: Таблет со екран што се витка

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 05 Септември, 2018 од GSM.mk

Тим научници и инженери од Human Media Lab од Универзитетот Квинс претстави таблет наречен MagicScroll со екран што се витка.

Таблетот има 7,5-инчен флексибилен екран што може да се свитка во ролна и по потреба се извлекува. Може да се користи и за телефонирање, а е практичен бидејќи е малечок. Научниците планираат прототипот да го намалат и да го направат применлив во секојдневниот живот. Доаѓа во 2K резолуција, додека во внатрешноста на цилиндарот од кој се одмотува се наоѓа потребната електроника: процесор, безжична радио опрема и други делови.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.