x

Map Kit: Новитетот на Huawei

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 25 Август, 2019 од GSM.mk

Компанијата Huawei развива услуга на мапирање дизајнирана да парира на Google, но, на поинаков начин.

Услугата е наменета за девелоперите на софтвер, што значи дека апликациите кои нудат навигација или услуги за превоз може да ја користат планираната технологија на мапирање на Huawei наместо да прават своја.

Од Huawei откриваат дека услугата ќе се вика Map Kit. Map Kit ќе биде поврзан со локалните услуги на мапирање. Huawei ќе мора да вложи многу за да креира мапи.

На ова поле е успешна апликацијата Google Maps која се појави во 2005 година и од тогаш компанијата постојано вложува во услугата. Во вложувањето помогна и компанијата Waze која e купена за 996 милиони долари во 2013 година, како и користење на сопствени автомобили кои се возат низ светот и ги мапираат патиштата.

Apple своите мапи ги направи во 2012 година, потпирајќи се на податоците на мапирање кои ги имаат TomTom, OpenStreetMap и други.

Nokia ги нудеше мапите Here со години, а потоа ги продаде на германските автомобилски компании за повеќе од 3 милијарди долари во 2015 година, кои сега се користат за Microsoft Bing Maps.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.