x

MediaPad M6 Pro: Пристигнува 10.7 инчниот таблет на Huawei!

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 08 Март, 2019 од GSM.mk

Една година по претставувањето на Huawei MediaPad M5 Pro се појавија првите информации за новиот таблет на компанијата...

Познат како ‘CRM2,’ новиот таблет се очекува да биде претставен под името Huawei MediaPad M6 Pro. Ќе вклучува 10.7 инчен LCD дисплеј со резолуција од 2560 x 1600 пиксели, исто како неговиот претходник.

Во внатрешноста, Kirin 960 ќе биде заменет со поновиот Kirin 970. Како за споредба, станува збор за истиот процесор кој се наоѓа во Huawei P20 и Huawei P20 Pro. Процесорот ќе биде придружен од две верзии - едната со најмалку 4GB RAM и 64GB меморија, а другата со 6GB RAM и 128GB меморија.

На задната страна ќе се наоѓа камера од 13 мегапиксели, додека спецификациите на предната камера сеуште не се познати. Ќе работи на Android 9 Pie и батерија од 7,500mAh.

Со оглед на тоа што Huawei MediaPad M5 Pro беше претставен во април, најавувањето на неговиот следбеник истотака го очекуваме следниот месец на настанот во Париз.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.