x

Messenger Rooms: Нова платформа за видео повици на Facebook!

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 17 Мај, 2020 од GSM.mk

Со оглед на ситуацијата со глобалната пандемија, Zoom стана една од најпопуларните апликации низ светот за видео повици. Но, сега има конкуренција:

Пред неколку недели, Facebook ги најави своите планови за претставување на сопствена платформа за видео повици наречена Messenger Rooms. Оваа платформа ќе дозволи видео повик со повеќе од 50 корисници, без никакви ограничувања, со пријатели, фамилија и било кој друг кој ќе биде поканет на линкот.

Истотака, дури и оние кои немаат Facebook профил ќе може да ја користат. Единствено е потребна Messenger апликацијата. iOS корисниците може да ја симнат преку App Store од тука, додека Android корисниците може да ја симнат преку Play Store од тука.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.