x

Microsoft ја најави следната генерација на Windows

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 29 Мај, 2021 од GSM.mk

Директорот на Microsoft, Сатја Надела, откри дека веке неколку месеци се тестира новата генерација на оперативниот систем Windows.


„Наскоро со вас ќе ја споделиме една од најзначајните надградби на Windows во изминатите десет години и на тој начин ќе отклучиме поголема економска можност за девелоперите и креаторите. Многу сум возбуден поради следната генерација на Windows”, изјави Надела.

Microsoft работи на нова продавница за апликации за Windows во изминатите неколку месеци, како и на значајни промени на интерфејсот на оперативниот систем.


Извор: Кајгана.мк


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.