x

Microsoft казнет со 731 милион долари

Категорија: Новости // Бизнис Објавено на 07 Март, 2013 од GSM.mk

Европската Комисија го казни Microsoft со 731 милион долари оваа недела. Причината? Internet Explorer. Наводно, Microsoft не им овозможил избор на корисниците кога станува збор за веб прелистувач..

Во 2009-та година, Microsoft беше приморан да им овозможи на Windows корисниците да изберат сопствен веб прелистувач, наместо форсирање на Internet Explorer. Обврската на Microsoft за оваа должност трае до 2014-та година.

Сепак, истрага од страна на комисијата откри дека компанијата не го почитувала целосно овој договор. Со лансирање на Service Pack 1 за Windows 7, компанијата го тргнала овој избор во периодот помеѓу мај 2011-та и јули 2012-та година, со што корисниците добиле инсталација на Internet Explorer. Според истрагата, опфатени биле околу 15 милиони корисници.

"Во 2009-та, ние ја затворивме нашата истрага за злоупотребата на Microsoft на својата доминантна позиција со прифаќање на обврската од страна на компанијата дека ќе им овозможи избор на своите корисници" - вели Joaquin Almunia, потпретседател на Европската комисија - "Непочитувањето на овие спогодби е сериозен прекршок и треба да биде казнет соодветно".

Microsoft ќе ја плати казната без давање на приговори, бидејќи признава дека грешката е од нивна страна. Наводно, станува збор за "технички пропуст" за кој не била свесна компанијата.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.