x

Microsoft ќе погодува какви се вашите чувства на фотографиите

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 12 Ноември, 2015 од GSM.mk

Претходно Microsoft откри алатка за точно погодување на вашата возраст од само една фотографија. А, сега, компанијата сака да ги открие и вашите чувства на фотографиите.

Можеби одговорот нема да биде точен, но целата работа звучи интересно. Според Microsoft, станува збор за софтвер кој кога ќе ја преземе фотографијата ќе ги идентификува лицата и ќе дава оцени за различни емоции.

Тоа ќе претставува обид за квалификација на емоциите како лутина, тага, страв, среќа, збунетост, изненадување и слично,пишува Business Insider.

Демо верзијата од софтверот може да ја тестирате овде.

Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.