x

Мicrosoft најави укинување на LinkedIn во Кина

Категорија: Занимливости Објавено на 15 Октомври, 2021 од GSM.mk

Компанијата Microsoft најави дека ќе ја укине локалната верзија на LinkedIn во Кина, која беше последната американска социјална мрежа што продолжи со работа во таа земја.

Во соопштението на Microsoft се наведува дека LinkedIn ќе биде затворен поради зголемените предизвици на деловното опкружување и зголемените барања за ускладување со новите прописи во Кина, пренесе CNBC.

Наместо тоа, американскиот џин во Кина ќе покрене веб сајт за вработување кој нема функција на социјална мрежа.

LinkedIn е воведен во Кина во 2014 година со ограничени функции, осмислен да биде во склад со строгите закони за интернет во таа земја.

Одлуката за укинување е донесена откако кинескиот интернет регулатор му наложи на  LinkedIn во март подобро да ги модерира содржините за што на компанијата и беше даден рок од 30 дена, објави Wall Street Journal.

Новата платформана Microsoft, наречена InJobs, нема да вклучува социјални содржини ниту ќе овозможува корисниците да споделат објави или статии.

Според податоците на статиста, Кина е третиот најголем пазар на американката компанија. Microsoft го купи  LinkedIn во 2016 година за 26,2 милијарди долари.


Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.

A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Trying to get property of non-object

Filename: includes/sidebar.php

Line Number: 45

https://gsm.mk/">

A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Undefined offset: 5

Filename: includes/sidebar.php

Line Number: 45

A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Trying to get property of non-object

Filename: includes/sidebar.php

Line Number: 45