x

Microsoft Office доби нови, редизајнирани икони

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 02 Декември, 2018 од GSM.mk

Компанијата Microsoft реши да го модернизира Office пакетот, а тоа подразбира и нови дизајни на иконите во самите апликации. Ова е прва промена на иконите во последните пет години, кои сега се дизајнирани така што ќе изгледаат поедноставно и современо.

Office денес е достапен за Windows, Mac, iOS и Android а компанијата Microsoft секојдневно работи на подобрување на изгледот и корисничкото искуство на нивните апликации.


Новите икони се дизајнирани така што покажуваат како Office пакетот се менуваше во последните години со новите можности на вештачката интелигенција. Тие се значително променети, но сепак доволно препознатливи за милионите луѓе кои секојдневно користат апликации од Office пакетот.

Следна на листата за редизајнирање е апликацијата Microsoft Outlook.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.