x

Microsoft отпушта вработени од дивизијата за мобилни телефони!

Категорија: Новости // Бизнис Објавено на 12 Февруари, 2016 од GSM.mk

Во текот на оваа недела, Microsoft започна со отпуштање на вработени во различни земји, кои се дел од дивизијата за мобилни телефони на овој гигант. Дел од вработените се од Финска, а претходно работеле за Nokia, пред да биде купена од Microsoft...

Според шпекулациите, најголемиот дел од вработени биле дел од маркетинг дивизијата, а не се знае точната причина за отпуштањето. Иако не е точно специфицирано, најверојатно станува збор за 30 или 40 отпуштања. 

Во јули минатата година, Microsoft отпушти над 7,800 вработени од оваа дивизија, бидејќи веќе имаше трошоци од над 7,6 милијадри. Компанијата продаде само 4,5 милиони Lumia уреди во текот на минатиот квартал, а има поголем профит од лиценцирање на своите Android патенти отколку од продавање на телефони. 

Се очекува оваа година да биде лансиран Surface Phone, кој ќе се фокусира на бизнис купувачите и нивните потреби.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.