x

Microsoft патентираше смартфон со три екрани

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 03 Јануари, 2022 од GSM.mk

По Surface Duo, ќе пристигне и Surface Trio – смартфон со уште еден(трет) екран.

Откако не успеаја да го освојат пазарот на паметни телефони со активирање на Nokia и со сопствен оперативен систем, од Microsoft се повлекоа од пазарот на смартфони и се фокусирааа на мобилни апликации и сервиси.

Пред две години го најавија враќањето на пазарот на смартфони со уредот Surface Duo кој имаше два екрана.

Корисниците и новинарите не беа воодушевени со можностите од овој уред. Подоцна беше претставен и неговиот наследник со кој ги поправија грешките од првиот модел, но ниту тој не успеа да привлече голем број корисници.

Со оглед на тоа дека претходниот проект не им успеа, сега работат на смартфон со дури три екрани. Ова го откри патентот кој го пријави компанијата, а за кој пишуваат технолошките медиуми оваа недела.

Екраните не се на преклоп, а смартфонот би требало да добие дополнителен екран кој може да се користи како надворешен, а кога ќе го отворите смартфонот ќе имате многу поголема површина на екранот.


Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.