x

Microsoft: Престанете да го користите Internet Explorer

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 12 Февруари, 2019 од GSM.mk

Во Microsoft се свесни дека голем број компании и организации ги користат нивните постари верзии на Windows, како и пребарувачот Internet Explorer. IE не беше многу доверлив ниту кога беше актуелен, а сега претставува поголем проблем отколку решение..

Времето на Internet Explorer одамна помина, а Microsoft ги замоли корисниците да се откажат од старите, „лоши“ навики и да прејдат на користење на модерни пребарувачи.

На блогот на Крис Џексон, кој е вработен во Microsoft како сениор архитект за сајбер-безбедност, пишува дека употребата на Internet Explorer на компаниите им носи еден тон технички проблеми. Наједноставно кажано, со користењето на IE, компаниите и организациите самите си креираат дополнителни трошоци одејќи по линијата на најмал отпор, наместо да изберат модерно решение кое ќе биде најдобро за нив на дол рок.

Џексон напомена дека постојат компании кои уште го користат Internet Explorer 6, заснован на стандардите кои потекнуваат од 1999 година, како и дека поради тоа не се во можност правилно да вчитуваат модерни веб-страници.

Во 2016 година, Microsoft ja прекина корисничката поддршка за IE 8, 9 и 10, а повеќето веб програмери повеќе не ја проверуваат нивната компатибилност со Internet Explorer. Сепак, овој интернет пребарувач и понатаму се наоѓа на втората позиција по употреба на светско ниво со 10,46% (сите верзии на IE заедно), додека неговиот наследник Edge засега се наоѓа на четвртата позиција со 4,3%.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.