x

Microsoft: Руски, кинески и ирански хакери се мешаат во изборната кампања во САД

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 14 Септември, 2020 од GSM.mk

Microsoft синоќа излезе со предупредување за вклученост на руски, кинески и ирански хакерски групи во актуелната изборна кампања во САД, за влијание врз резултатите од претседателските избори закажани за 3 ноември.

Според The New York Times, Русите работат на тоа да биде реизбран актуелниот претседател Доналд Трамп, додека Кинезите посакуваат избор на на неговиот демократски соперник, Џо Бајден. 

Microsoft неодамна информираше дека имало обид за упад во серверите на една од фирмите кои даваат услуги во областа стратегија и комуникации на изборниот штаб на Бајден. Нападите се извршени од руски хакери зад кои стои Москва, соопштија некои американски медиуми. 

Се работи за фирмата SKDKnickerbocker која била подложна на напади во изминативе два месеца. Покрај на Бајден фирмата дава услуги и на други видни демократи. 

Во Microsoft сметаат дека тоа се истите руски хакери од групата Fancy Bear кои сега се нарекуваат Strontium, а кои го спроведоа упадот во серверите на Демократската партија за време на кампањата на Хилари Клинтон во 2016 година и извршија обелоденување на електронска пошта на вработен во штабот. 

Извор запознат со нападите изјави дека хакерите не успеале да влезат до мрежите на компанијата поради јаката заштита. Потпретседателот на SKDK, Хилари Розен, одби да даде изјава околу овие информации. 

Во предупредувањето на Microsoft од синоќа се вели дека групата руски хакери таргетирала повеќе од 200 организации, голем дел од кои се поврзани со политички партии во САД, републикански или демократски. 

– Слично на тоа што набљудувавме во 2016 година, Strontium започна кампања за прибирање информации за логирање на луѓето или компромитирање на нивните налози, претположително да се помогне во разузнавачко собирање или операции за правење раскол и подривање, изјави Том Барт, потпретседател на Microsoft задолжен за безбедност и доврба на клиентите. 

Кинеските хакери пак започнале напади врз лица поврзани со кампањата на Бајден, додека иранските продолжиле со напори да се таргетираат луѓе поврзани со кампањата на Трамп.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.