x

Microsoft со предупредување: Проверете си ги лозинките

Категорија: Совети Објавено на 02 Ноември, 2021 од GSM.mk

Microsoft испрати предупредување до сите кои користат една иста лозинка на повеќе профили.

Во блогот од компанијата наведоа дека забележан е зголемен пораст на хакерски напад во последните година дена, а истите вклучуваат  кориснички имиња и лозинки кои протекоа онлајн.

Хакерите се надеваат дека на тој начин ќе дојдат до комбинации кои им овозможуваат пристап до нечиј мејл и профили на социјални мрежи, од каде може да хакираат и банкарски сметки.

Microsoft’s Detection and Response Team (DART) идентификуваше напади, но поради брзите промени во технологијата и методите тешко е да се детектира заканата, пишува The Sun.

Досега се детектирани две најчести методи. Првата вклучува често користени лозинки како што се „password“ или „123456“ а другата вклучува кориснички имиња и лозинки кои во некој момент протекле онлајн.

Google проценува дека над 4 милијарди кориснички имиња и комбинации од лозинки протекле во последните неколку години, а хакерите потоа ги користат со надеж дека истите се користени на повеќе онлајн профили.

За да проверите дали и вашите лозинки се безбедни може да проверите на Password Checkup на Google Chrome и на тој начин да проверите дали сте биле жртва на сајбер напад.


Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.

A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Trying to get property of non-object

Filename: includes/sidebar.php

Line Number: 45

https://gsm.mk/">

A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Undefined offset: 5

Filename: includes/sidebar.php

Line Number: 45

A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Trying to get property of non-object

Filename: includes/sidebar.php

Line Number: 45