x

Minesweeper за iOS и Android

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 05 Ноември, 2018 од GSM.mk

Играта која некои многу ја сакаа, некои ја мразеа и не ја играа, а некои ја мразеа и ја играа, повторно е хит.

Колекцијата на Microsoft Windows 95 игрици ќе остане меѓу најпознатите и најсаканите игри на компјутер, а добрата работа е што не мора повеќе да имате Windows 95 за да ги играте.

Microsoft уште ја нема oфицијално вратено Minesweeper на ниту еден уред, но може да ја најдете на линковите за iOS и Android и повторно да се „живцирате” како во старите добри времиња :)

Доколку сте од поновите генерации и не ја знаете играта, сигурни сме дека после првиот пат ќе ви стане заразна. Иако ќе губите.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.