x

Митови и вистини за полнењето батерија на смартфонот

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 26 Јануари, 2021 од GSM.mk

Просечниот животен век на батеријата на еден смартфон е една до две години, а со правилна употреба може да се продолжи нејзината трајност.

Во продолжение, прочитајте што е мит, а што е вистина за полнењето на батеријата на смартфонот.

Не е добро да се користи телефонот додека се полни

Мит.Телефонот може да го користите кога сакате и колку сакате, сѐ додека не користите некој „сомнителен“ полнач. Единствен „проблем“ е што полнењето ќе трае подолго, но тоа е логично, нели?

Полнењето во текот на цела ноќ ја уништува батеријата

Вистина. Ок, делумно. Повеќето смартфони препознаваат кога им е полна батеријата и го прекинуваат полнењето. Сепак, не е добро да ви стои телефонот на полнач цела ноќ и тоа да се случува постојано. Батеријата ќе ви трае подолго ако го чувате телефонот на капацитет меѓу 40 и 80%.

Никогаш не го исклучувајте смартфонот

Мит. Иако е технолошки уред, и на телефонот му треба одмор. Ако не морате да бидете достапни цело време, одвреме-навреме исклучете го телефонот. Се препорачува тоа да го правите во текот на една ноќ еднаш неделно.

Подобро е да ја дополнувате бетеријата постојано, отколку секојпат да тргнувате „од нула“

Вистина. Литиум-јонските батерии што ги имаат повеќето современи смартфони подобро се држат кога се наполнети. Ако постојано ги „цедите“ до последна „цртка“ може да станат нестабилни.

Топлината ја уништува батеријата

Вистина. Батериите не трпат високи температури, а литиум-јонските батерии веќе доволно се загреваат со полнењето и работењето на смартфонот. И прекумерно ладното време и услови не се добри за батеријата, бидејќи во такви услови побрзо се празни.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.