x

Многу критики за новиот дизајн на Facebook: Дали ви се допаѓа?

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 26 Септември, 2020 од GSM.mk

Социјалната мрежа Facebook со месеци ги „предупредува“ своите корисници дека трајно ќе го смени дизајнот.

Меѓутоа, судејќи по реакциите на корисниците на социјалните мрежи, промената не наиде на позивни критики. Во најмала рака не им се допаѓа, а некои го употребија и зборот „кошмар!“.

Ни толку посакуваната и очекувана опција Dark Mode не успеа да го спаси Facebook од лошиот впечаток.

„Овој дизајн е една од најлошите работи што сум ги видел“ и „Делува како микс од ‘направи сам’ сајт од почетокот на 2000-ти и дизајнот од 2018“, се само дел од коментарите на незадоволните корисници.

Што мислите вие? Дали ви се допаѓа новиот дизајн на Facebook?

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.