x

Monterey ќе биде новата верзија на macOS

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 11 Јуни, 2021 од GSM.mk

Откако минатогодишниот macOS Big Sur го донесе долгоочекуваниот facelift, односно освежување, како и големи промени во апликациите како што се Safari, Maps и Messages, сега доаѓа новиот macOS Monterey.

Apple се обидува дополнително да го „исполира“ својот десктоп оперативен систем, кој сега поддржува споделување музика и филмови преку SharePlay, како и некои други функции што ги нуди iOS 15. Секако, тука не станува збор за големите промени во macOS кои некои ги чекаат, бидејќи во неговото јадро сè уште изгледа како оригиналниот OS X, сепак животот на корисниците на Apple десктоп треба да биде полесен.

Една од значајните новости кај macOS Monterey е Universal Control, која овозможува употреба на тастатури и глувци на Mac и iPad. Ова е нешто што апликациите од трети страни како Across веќе го овозможија, но се знае дека таквите апликации се тешки за подесување и употреба. Предноста на Apple, како и секогаш, е тоа што може да ја заврши работата со конфигурацијата во својот оперативен систем. За време на демонстрациите, немаше проблеми со користење на еден сет на уреди на iPad, MacBook Pro и iPad.

Воедно, екранот на iPad и музиката ќе можат да се пренесат на Apple компјутерот користејќи AirPlay за Mac. Ова е уште еден начин за полесно работење на повеќе уреди на Apple. Како и класичната функција AirPlay, оваа опција може да ја олесни соработката со другите клиенти на Apple. Во најмала рака, тоа ќе биде паметен начин за пуштање музика на новите звучници iMac.

Во најголем дел, macOS се чини дека не се разликува премногу од Big Sur, и тоа има логика бидејќи Apple ја смета минатогодишната верзија за големо освежување на дизајнот на ОС. Apple „протурка“ некои надградби за Safari, вклучувајќи потенки јазичиња и можност за групирање јазичиња. Овие промени пристигнуваат на iOS и iPadOS, а Apple конечно ги носи екстензиите за Safari и на своите мобилни платформи.

Конечно, Apple планира да ја направи автоматизацијата попогодна за корисниците, па macOS Monterey доаѓа со Shortcuts, но корисникот исто така ќе може да креира свои.


Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.