x

Mophie Juice Pack: Маска со дополнителна батерија за вашиот Note 9!

Категорија: Занимливости Објавено на 12 Ноември, 2018 од GSM.mk

Galaxy Note 9 не само што доаѓа со подобра батерија од неговите претходници во однос на капацитетот, туку батеријата се покажа одлично и при неколку тестирања. Сепак, доколку ви е потребна малку поголема издржливост, сега има решение..

Иако Samsung ја промовира како "батерија која може да издржи цел ден", што и не е баш тоа што очекуваме од 4000 mAh, барем реално тоа значи дека ќе издржи цел ден при почесто користење.


За жал, тоа е негативната страна со која доаѓаат новите смартфони со QHD+ екрани, така што вестите дека Mophie произведе маска со дополнителна батерија за Note 9 се дефинитивно добри вести. Note 9 Juice Pack маската доаѓа со батерија од 2525mAh во внатрешноста, а истовремено нуди заштита. Во однос на другите слични маски, Mophie е прилично тенка, но за жал, тоа истотака значи дека дел од капацитетот на батеријата бил "жртвуван" во процесот. Може да се полни безжично со Qi полнач.

Mophie releases Juice Pack battery case for the Note 9, and it's slimmer than you'd think

Како и сите Juice Packs, цената на Note 9 Juice Pack е 99 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.