x

Moto E6: Новиот буџетски телефон на Motorola!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 22 Јуни, 2019 од GSM.mk

Речиси секоја година Motorola претставува две смартфон серии, а 2019 нема да биде исклучок. По Moto G7 серијата, компанијата најави уште два буџетски смартфони - Moto E6 и Moto E6 Plus.

Moto E6 Plus се појави на Geekbench со MediaTek octa-core процесор и 2GB RAM. За жал, тоа е се што знаеме за него, но имаме повеќе информации за неговиот помал брат, Moto E6.

Благодарение на Evan Blass се запознавме со изгледот на Moto E6. Како и повеќето уреди на Motorola, E6 има просечен панел со прилично големи рамки околу него и само една камера на задната страна.

Moto E серијата би требало да биде најавена во средината на јуни, а почетната цена да биде околу 150 долари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.