x

Moto G Ferrari: Еден необичен спој

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 22 Април, 2014 од GSM.mk

Motorola се подготвува да претстави две различни верзии на својот популарен и ефтин Moto G паметен телефон. Според мексиканската веб-страна Xataka, двата уреди ќе бидат наречени Moto G LTE и Moto G Ferrari...

Првиот уред, како што и сугерира неговото име, ќе воведе LTE конекција кај овој модел - нешто кое беше посакувано кај оригиналниот модел. Иако оригиналниот модел се нудеше со меморија од 8 и 16 гигабајти, се шпекулира дека новиот модел ќе биде достапен само во варијанта од 16 гигабајти и ќе чини околу 200 евра. Продажбата би започнала во јуни.

Но, што е со Moto G Ferrari?

Засега нема премногу информации за овој модел, освен дека ќе станува збор за истиот хардвер - 4,5 инчен екран на допир со резолуција од 1280 x 720 пиксели, Snapdragon 400 quad-core процесор кој работи на 1,2GHz и 1GB RAM. Разликата помеѓу овој и оригиналниот модел ќе биде најверојатно дизајнот.

Во минатото, Motorola веќе неколкупати има соработувано со Ferrari на различни телефони, како на пример моделот Motorola i867 Ferrari. Овој телефон се разликуваше од останатите заради црвено црниот дизајн и логото на Ferrari од задната страна.

Останува да чекаме до јуни за да го дознаеме дизајнот на новиот модел...

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.