x

Moto G7: Спецификации и фотографии

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 16 Ноември, 2018 од GSM.mk

Пред неговото официјално претставување, деновиве се појавија дел од спецификации на Motorola Moto G7. Да погледнеме што не очекува:

Почнувајќи од неговиот изглед, Moto G7 доаѓа со димензии од 156.86 x 75.4mm. Како за споредба, димензиите на сегашниот Moto G6 се 153.8 x 72.3mm. Големината на дисплејот сеуште не е позната, но најверојатно станува збор за најмалку 6 инчи.


Преминувајќи во внатрешноста, уредот ќе работи на Snapdragon 660 процесор, придружен од 4GB RAM и 64GB меморија. Ова е дефинитивно големо подобрување од процесорите со кои доаѓаат G6 и G6 Plus - Snapdragon 450 и 630. Батеријата ќе биде со капацитет од 3,000mAh. 

Со останатите спецификации, како карактеристиките на камерите, ќе се запознаеме за време на неговото претставување, на MWC 2019 во февруари, ако не и порано. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.