x

Moto Z3 Play се појави на Geekbench со Snapdragon 660

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 02 Јуни, 2018 од GSM.mk

Со претставувањето на Moto Z3 Play кое ќе биде за само една недела, постојано се појавуваат нови информации за уредот. Последно, дознавме неколку детали за неговите внатрешни карактеристики..

Според новите информации, уредот ќе доаѓа со Snapdragon 660, што значи дека ќе биде помоќен од Moto G6 Plus, кој беше претставен во април. Всушност, процесорот постигна резултат од 1,299 на Geekbench при single-core тестирањето. Од друга страна, multi-core тестирањето достигна резултат од 4,851 поени. 

Заедно со процесорот, на листата се наоѓаа 4GB RAM, како што беше очекувано, и Android 8.1 Oreo. Претходните информации потврдија дека Moto Z ќе биде првиот уред кој ќе доаѓа со висок, 18:9 дисплеј, додека скенерот за отпечатоци е преместен на рамката на смартфонот. 

За оние кои се заинтересирани, Moto Z3 Play ќе биде претставен на 6 јуни. 

The Moto Z3 Play has shown up on Geekbench with a Snapdragon 660

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.