x

Motorola Moto G7 Power: Буџетска цена и голема батерија

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 16 Февруари, 2019 од GSM.mk

Заедно со G7 Plus, G7 Power е еден од моќните уреди кои беа претставени во новата G7 серија на Motorola. Меѓу другото, смартфонот нуди голем дисплеј, голема батерија и многу повеќе:

Дел од причината поради која Moto G7 Play доаѓа со помала батерија е токму G7 Power. Како што кажува самото име, G7 Power нуди голема батерија, од 5000mAh. За жал, во однос на другите спецификации двата уреди се речиси исти - Snapdragon 632 процесор, кој кај G7 Power е придружен од 3GB RAM.

Како и кај G7 и G7 Plus, на предната страна се наоѓа 6.2 инчен панел, со резолуција од 720 x 1570 пиксели и тело-дисплеј сооднос од 76.96 %. Од друга страна, наместо стало, изграден е од пластична конструкција. Дисплејот е заштитен со Corning Gorilla Glass 3. Достапен е само во сина боја.

Предности:

  • висок тело-дисплеј сооднос
  • голема батерија
Негативно:
  • Дебело тело
  • Ниска резолуција на дисплејот
На задната страна, се наоѓа само една камера, од 12 мегапиксели, придружена од селфи камера со 8 мегапиксели. Работи на Android (9.0 Pie).
Цената на G7 Power е околу 250 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.