x

Motorola објави тизери за новите Moto G60 и G20

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 09 Април, 2021 од GSM.mk

Motorola наскоро ќе ја претстави серијата G, а сега се појавија рендери кои го откриваат изгледот на претстојните модели Moto G60/G40 Plus и G20.

Moto G60 со дизајнот наликува на моделот Moto G50, но ќе има селфи камера од 32 MP сместена на екранот и по тоа ќе се разликува од овој модел.

Исто така ќе има 6,78-инчен FHD+ екран со фреквенција за освежување од 120 Hz. Ќе го движи Qualcomm Snapdragon 732G процесор со 4 или 6 GB RAM и 64 или 128 GB интерна меморија.

Ќе има 3 камери – главната има 108 MP и Samsung ISOCELL HM2 сензор и одлична батерија од 6.000 mAh.

Кога станува збор за моделот G20, тој ќе биде инспириран од дизајнот на моделот Moto G10 со три задни камери. Засега не се познати неговите спецификации.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.