x

Motorola One Action пристигнува оваа недела: Ова е се што знаеме за него!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 15 Август, 2019 од GSM.mk

Motorola подготвува неколку Android One уреди, меѓу кои се наоѓа и буџетскиот One Action. Ова е се што знаеме за него:

Заедно со One Zoom/One Pro, претставувањето на овие уреди го очекуваме за време на IFA 2019 настанот, но нивното најавување ќе биде на 16 август, во Бразил. Во Бразил компанијата има голем успех и продажба, а е и местото каде беше најавен Moto G7.

Motorola сеуште нема официјално споделено кои уреди планира да ги претстави утре, но според видеото кое го сподели на твитер каде смартфонот е промовиран со слоганот "capture the action" изгледа дека станува збор за One Action. 

One Action е всушност подобрената верзија на One Vision. Ќе има 21:9 дисплеј, Exynos 9609, 4GB RAM и 128GB меморија, заедно со три камери од задната страна - 12 мегапиксели, 5 мегапиксели и 16 мегапиксели со широкоаголен сензор.

Во Европа, цената на One Action ќе биде 259 евра.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.