x

Motorola One Action: Три камери, голем дисплеј и многу повеќе!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 18 Август, 2019 од GSM.mk

Motorola One Action беше претставен овој петок како нов член на Motorola One семејството во кое веќе се наоѓаат Motorola One, Motorola One Power и Motorola One Vision. Еве како овој уред се разликува од нив:

Како што кажува самото име, најновиот смартфон на Motorola е дизајниран со цел да понуди најдобри фотографии и видеа во акција. Почнувајќи од неговата продажна точка, уредот има три камери на задната страна. Од нив главниот сензор е со 12 мегапиксели, има 16 мегапикселна секундарна камера со ултра широкоаголна леќа и 5 мегапикселен сензор за портрети. 

Преминувајќи на предниот дел, тука се наоѓа селфи камерата од 12 мегапиксели, заедно со голем, 6.3 инчен дисплеј со резолуција од 1080 x 2520 пиксели и висок 21:9 тело-дисплеј сооднос. 

Во внатрешноста на One Action се наоѓа Exynos 9609 со 4GB RAM и 256GB меморија. Батеријата е од 3500 mAh, а скенерот за отпечатоци се наоѓа на задната страна, под Motorola логото. 

Motorola One Action ќе биде достапен во сина и бела боја и неговата цена ќе биде 260 евра.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.