x

Motorola P40: Snapdragon 675, 128GB меморија и многу повеќе!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 04 Јануари, 2019 од GSM.mk

Неколку дена откако беше откриен дизајнот на Motorola P40, се појавија и официјалните спецификации на уредот:

Како што се зборуваше, P40 ќе биде значително подобрување од Motorola P30. Најпрво, новиот уред на Motorola од средната класа ќе доаѓа со Snapdragon 675, заедно со одлични 6GB RAM и 128GB меморија. 

Во однос на останатите спецификации, на задната страна ќе се наоѓа главен, 48 мегапикселен сензор, придружен од втора камера, од 5 мегапиксели. Сензорите ќе бидат придружени од dual-tone LED блиц и ќе поддржуваат AI опции. Селфи камерата ќе биде од 12 мегапиксели.

Од официјалните фотографии, може да забележиме дека ќе доаѓа со голем, 6.2 инчен дисплеј со дупка, наменета за селфи камерата. Ќе работи на батерија од 4,132 mAh.

Сега за сега, не е познато кога официјално ќе биде достапен уредот. Како и да е, големите се шансите да се запознаеме со него за време на MWC 2019 настанот.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.