x

Motorola подготвува неверојатен телефон со четири камери и интересен дизајн!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 06 Април, 2019 од GSM.mk

Само неколку дена откако беше откриен дизајнот на првиот уред на Motorola со три камери, се појавија информации за уште еден интересен смартфон на компанијата:

Во изминативе години, уредите на Motorolа доаѓаа со еден од два можни дизајни - Moto смартфоните имаа кружен дизајн на задната страна, додека One смартфоните имаат вертикален систем во горниот агол. Но, новиот модел кој се појави не спаѓа во ниту една од овие категории.

Наместо тоа, уредот има дизајн кој наликува на оној на Huawei Mate 20 Pro. Станува збор за систем од четири камери кои се поставени централно, веднаш над Motorola логото. Околу нив, се наоѓа алуминиумска конструкција. Придружени се од dual-LED блиц. Сега за сега, знаеме дека главниот сензор ќе биде од 48 мегапиксели.

Исто како Motorola One Vision и One Vision Plus, уредот ќе има 6.2 инчен дисплеј, но со неколку значајни промени. Првата најзабележлива промена е недостатокот на отвор во горниот лев агол, која кај One Vision компанијата ја користи за селфи камерата. Наместо тоа, notch-от се наоѓа во средина, придружен од тенки рамки и една подебела рамка на долната страна, каде се наоѓа Motorola името. Има висок, 21:9, тело-дисплеј сооднос.

Овој непознат Motorola смартфон ќе биде претставен најверојатно до почеток на летото, заедно со други уреди. Покрај Moto Z4 и Moto Z4 Play, компанијата работи на два One Vision уреди.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.