x

Motorola развива технологија за полнење уреди од далечина

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 04 Февруари, 2021 од GSM.mk

Откако Xiaomi воведе технологија за безжично полнење уреди од далечина, нешто слично направи и Motorola, подружница на Lenovo.


Технологијата на Motorola овозможува безжично полнење на уредот оддалечен еден метар, без никакви пречки помеѓу полначот и уредот.

Според официјалното видео, двата мобилни телефони Motorola Edge, веројатно модифицирани за тестот, се поставени во исправена положба на растојание од 80 и 100 сантиметри од полначот. И двата уреди веднаш почнаа да ја полнат батеријата, но кога ќе се стави рака на полначот, полнењето се прекинува.

Полначот на Motorola се нарекува Motorola One Hyper, а технологијата е базирана на Qi стандард. Полначот може да го користат до седум мобилни телефони истовремено.

Која е брзината на полнење и дали е иста за сите уреди, сè уште не е познато.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.