x

На Nokia X6 му беа потребни само 10 секунди да се распордаде во Кина!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 22 Мај, 2018 од GSM.mk

Nokia X6 е првиот смартфон на HMD Global кој доаѓа со целосен дисплеј и беше претставен минатата недела. Компанијата сигурно е среќна со неговиот успех, бидејќи му беа потребни само 10 секунди да се распродаде..

Во Кина, на Nokia X6 му беа потребни само 10 секунди за целосно да се распродаде, но бројот на продадени единици не е достапен. Цената на моделот со 4GB RAM и 32GB меморија е 203 долари, а онаа со 4GB RAM и 64GB меморија чини 235 долари. Последно, верзијата со 6GB RAM и 64GB меморија има цена од 266 долари. Иако најпрво требаше да биде достапен само во Кина, изгледа дека компанијата сепак ќе го претстави на глобално ниво. 

Како мало потсетување, уредот вклучува 5.8 инчен дисплеј со резолуција од 1080 x 2280 пиксели и 19:9 сооднос. Работи на Snapdragon 636 и батерија од 3000mAh. Истотака, доаѓа со дуален систем камери (12MP + 5MP) и селфи камера од 16 мегапиксели. 

Запаметете ги спецификациите, бидејќи Nokia X6 наскоро може да пристигне и кај нас!

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.