x

НАЈ популарните три алатки за рутирање на Android уреди

Категорија: Софтвер // Туторијали Објавено на 03 Јуни, 2014 од Божидар Трпков

Доколку сте сопственик на Android уред, сигурно сте се соочиле со поимот рутирање и сте имале потреба од некоја апликација која барала рут премисии или сте сакале да го оптимизирате вашиот уред. Во овој туторијал ќе го направиме првиот чекор - рутирање.

Пред се да направиме вовед, што е рутирање и дали да го рутирате или не вашиот уред. Поголемо објаснување во кратки црти имате во следната статија: To ROOT or not to ROOT!

Ако сте цврсто убедени и навистина имате потреба да го рутирате вашиот Андроид уред, поголем вовед во рутирањето ќе ви прикаже една постара статија:  Водич: Рутирање на вашиот Android уред.

Во овој туторијал само ќе ви ги претставам најпопуларните и корисни алатки за рутирање на уреди од ZTE па се до Nexus 5, Samsung Galaxy Note 3, S5, Sony Xperia моделите и стотици други популарни Android телефони од 2.1 па се до 4.4.2 Android верзија.

Првата и најбрза и едноставна алатка за рутирање е MultiRoot Cydia Impactor која е нај едноставна и екстремно брзо инјектира во системот на вашиот Android уред се што е потребно за да биде рутиран освен SU апликација, која можете да ја симнете бесплатно од Play Store - таа ви служи за одобрување премисии на апликации и контролирање на рутот.

Но за жал оваа апликација не е комптибилна за сите фирмвер верзии кај Samsung, HTC и Sony уредите, поточно од поновите генерации на уреди од овие брендови, но ја препорачуваме како прва затоа што нема воопшто ризик при работа со неа.

Втората и многу подобра алатка од Cydia Impactor е Kingo Android Root.

Оваа алатка опфаќа многу повеќе уреди од било која друга, има автоматизиран систем доколку е потребно да се отклучи бутлоадер, да се измени сеќурити, да се даунгрејдува некој дел од системот на вашиот уред или пак да се инсталира рикавери. Тука постои и голем ризик доколку правите чекори кои не ги следите правилно или вашиот уред е со празна батерија, го рутирате преку компјутер со лошо напојување, вируси, проблематични драјвери, оштетен или неквалитетен усб кабел или доколку вашиот уред има софтверски или хардверски проблеми кои може да го прекинат флешувањето на одреден дел од фирмверот. Но затоа е одлична апликација која има решение за 99% од андроид уредите, вклучувајќи ги и кинеските непознати модели.

Третата апликација, која е многу побезбедна од Kingo Android Root е Vroot.

По безбедна? Секако, но може малце да ве изнамачи пред се поради тоа што последните верзии се компатибилни со многу уреди, но се на кинески, постои и англиска верзија - но не и компатибилна за секој андроид уред. Предноста кај оваа апликација е што инектира рутиран дел од ист таков уред доколку има компатибилност на бејзбенд, фирмвер и кернел, доколку нема нуди помош како да го прилагодите уредот за да биде компатибилен со апликацијата. Доколку имате прашања слободно обратете се кон нашиот форум: http://forum.gsm.mk/ Апликациите за рутирање не му штетат на вашиот уред, доколку е некомпатибилна - вашиот уред не може да се рутира и нема да има никакви промени во софтверот и неговото функционирање. Алатката кинго андроид рут знае да изврши софтверски измени, но никогаш до сега не избришала податоци или оштетила софтверски некој уред. Според овластените сервиси со рутирање ја губите гаранцијата, затоа што правите софтверска манипулација врз оригиналниот софтвер кој е инсталиран од производителот, поради тие измени уредот може да се тјунира, оверклокува, изменат системски податоци и да дојде до уништување на хардверот, наша препорака е пред да го однесете под гаранција вашиот уред, да се консултирате со стручно лице, кое можете да го најдете на нашиот форум за враќање во сток или фабричка верзија на вашиот андроид уред.


GSM Macedonia не превзема одговорност доколку со овие алатки и туторијали ви експлодира мобилниот телефон, доведе до термонуклеарна војна и изумрат сите живи суштества освен лебарките.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.