x

Најчестите грешки што ги правиме при полнење на телефонот со кои му го скратуваме животниот век

Категорија: Совети Објавено на 24 Јули, 2022 од GSM.mk

Може да се каже дека употребата на мобилни телефони стана неопходност за секој човек денес.

Сепак, многумина од нас прават грешки секој ден кога треба да го наполниме мобилниот телефон, што всушност му го скратува животот.

Ова се некои од најчестите грешки:

Го оставате полначот во вклучен во штекер

Оставањето на полначот вклучен не само што ја зголемува вашата сметка за струја, туку и ве става во ризик. Полначот ослободува топлина, а акумулацијата на топлина може да предизвика пожар.

Ја оставате батеријата целосно да се испразни и потоа ја полните до 100%

Батериите на телефонот се литиумски и работат во циклуси на полнење. Значи, ако дозволите батеријата целосно да се испразни, тоа значи дека полека го уништувате мобилниот телефон, односно му го скратувате животниот век.

Исто така, никогаш не треба да го полните до 100 проценти. Можеби звучи чудно, но телефонот може да се расипе поради прекумерно полнење. Повеќето луѓе го оставаат телефонот да се полни преку ноќ. Исто така, ја зголемува сметката за струја, го прекинува циклусот на полнење на батеријата и го прегрева уредот,

Го користите телефонот додека се полни

Користењето на телефонот додека чека да се полни, става „преголем притисок“ на батеријата. Значи, ако треба да одговорите на повик, не заборавајте да го исклучите од кабел пред да одговорите.

Не ја вадите маската за телефонот додека го полните

Ако не ја извадите маската за телефонот додека се полни, топлината се задржува, што предизвикува загревање на батеријата и други делови на уредот.

Користите неоригинални полначи

Секогаш користете го полначот што доаѓа со вашиот мобилен телефон. Секој полнач има различен капацитет за полнење, па затоа е важно да го користите оној што најмногу одговара на вашиот уред. Ако ви се случи да го изгубите оригиналниот полнач, одете во овластена продавница и купете го истиот. Поевтините варијанти, односно полначите кои не се оригинални, можеби изгледаат како добро решение, но значително ќе ја оштетат батеријата.



Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.