x

Најдобрите апликации за вашиот Android телефон

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 26 Декември, 2018 од GSM.mk

Го купивте вашиот нов Android телефон. И сега? Следниот чекор е да го „опремите“ според вашите потреби. Токму од таа причина решивме да ви помогнеме со една кратка листа на најдобри (а и неопходни) Android апликации.

Веќе знаеме дека и самите знаете да ги симнете сите социјални мрежи кои во се потребни. Затоа во продолжение ќе ви ги предложиме само најдобрите апликации кои сметаме дека ќе ви бидат потребни во иднина за да вашето корисничко искуство биде што подобро.

Dark Sky

Кога се работи за предвидување на дожд, нема подобра апликација од Dark Sky. А и самите знаете дека тоа ви е потребно во нашите непредвидливи временски услови, кога час е сончево а веќе во наредниот час врне силен дожд. Можете да ја симнете бесплатната верзија, а доколку навистина сакате целосна услуга, има опција за надградба во премиум верзија за само 2,99 долари.

Lastpass

Запомнувањето на лозинки може да биде многу напорно, посебно ако сте зафатена личност која има потреба од повеќе профили на социјалните мрежи, Gmail, Netflix и слично. Затоа е тука Lastpass – бесплатна апликација која ги памти вашите лозинки наместо вас.

VSCO

Иако дизајнерите кои работат на VSCO често го менуваат изгледот на апликацијата и со тоа ја прават покомплицирана, сепак таа е најдобрата апликација за преработка на фотографии за Android. Можете да ја симнете бесплатно, но трикот е во годишната членарина, која чини 19,99 долари.

Messages

Нема подобро време за апликацијата Messages. Во време кога Facebook (Messenger) скоро сигурно ве шпионира, Messages е сосем безбедна апликација на Google која има и една посебна функција – може да се синхронизира со вашиот компјутер и преку неговата тастатура можете да одговорите на пораките. Уште една добра работа – таа е целосно бесплатна.

Files by Google

Од некоја непозната причина, Files е посебна апликација на Google која ќе мора да ја симнете од Play Store наместо да ви биде вградена во телефонот. Но, ќе се уверите дека е и повеќе од корисна. Со неа многу полесно ќе ги разгледувате сите податоци во вашиот телефон и таа ќе ви помогне да ослобоите меморија многу поедноставно од порано. Како и сите горенаведени, таа е целосно бесплатна.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.