x

Најдобрите пронајдоци за 2015 година

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 20 Ноември, 2015 од GSM.mk

Секоја година технологијата напредува, а животот на луѓето се збогатува со нови технолошки пронајдоци. Магазинот Time ја направи годишната листа на некои од најдобрите пронајдоци во 2015 година.

Дел од нив се и првиот подземниот парк во Њујорк, со технологија што овозможува фотосинтеза и растење на растенијата. Меѓу пронајдоците е и уредот бионички уши со кои може да се слушаат посакуваните звуци, а да се изолираат оние непотребните.

Стетоскопот со паметен адаптер им овозможува на докторите да го снимаат звукот од отчукувањето на срцето на пациентот и подобро да го анализираат.

Меѓу пронајдоците е и уредот HoloLens на Microsoft, со што се овозможува нов пристап во виртуелниот свет, книгата што филтрира вода, музички инструмент на кој секој може да свири, Tesla Model X, ховербордот и други пронајдоци.

Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.