x

Најдоброто од Samsung: Ова е Galaxy A80 со модерен дизајн и три ротирачки камери!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 11 Април, 2019 од GSM.mk

Samsung конечно го претстави новиот уред во Galaxy A серијата. Иако станува збор за смартфон од средната класа, Galaxy A80 нуди голем број нови и иновативни карактеристики:

Дизајн

Најпрво, Galaxy A80 доаѓа со нов и подобрен дизајн на дисплејот. Заборавете на модерните трендови, како notch, waterdrop notch или дупка во дисплејот - A80 нуди нов вид на full-screen панел, без никакви додатоци. Станува збор за голем, 6.7 инчен екран со резолуција од 1080x2400 пиксели и тело-дисплеј сооднос од 85.5%. Името на новиот full-screen дизајн на Samsung е едноставно - New Infinity Display.


Следува следното прашање - Каде се наоѓа селфи камерата на A80?

Некои компании користат дополнителен екран на задната страна за подобри селфи фотографии со квалитетната, задна камера, а други, како Samsung со A80 едноставно овозможуваат ротирање на системот задни камери и нивно користење како селфи сензори. Целиот процес е брз и едноставен.

Pop, flip, take your best selfie ever

Инаку, станува збор за систем од три камери. Главната камера доаѓа со 48 мегапиксели, вториот сензор е од 8 мегапиксели, а третата е TOF камера.

Перформанси

Како вистински моќен уред од средната класа, A80 нуди прилично голема количина на меморија. Во внатрешноста се наоѓаат 8GB RAM и 128GB меморија, придружени од Snapdragon 730 процесор. Батеријата е истотака со голем капацитет, од 3700 mAh.


Цена и достапност

Достапен во златна, бела и црна боја Galaxy A80 ќе може да биде Ваш официјално од 29 мај. Неговата почетна цена ќе биде околу 600 евра.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.