x

Најголемиот upgrade за Galaxy Note 9 досега кој ќе им се допадне на фановите

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 12 Ноември, 2018 од GSM.mk

GALAXY NOTE 9 беше претставен во август, а изгледа дека веќе, само неколку месеци подоцна, го очекува најголемиот upgrade досега, кој дефинитивно ќе им се допадне на фановите..

Galaxy Note 9 беше претставен во Њу Јорк на 9-ти август. Како мало потсетување, доаѓа со 6.4 инчен AMOLED дисплеј, подобрено S Pen пенкало и одлични перформанси. При првичното претставување, работеше на Android 8.1 Oreo, а сеуште го нема добиено новиот Android 9 Pie update. 

Новиот оперативен систем на Google истотака беше претставен во август, а нуди неколку нови и корисни алатки. Иако првично беше најавен на Pixel уредите и Essential Phone, потоа стана достапен и на други уреди од OnePlus, Sony и Huawei. Нормално, сите се прашуваа кога ќе пристигне и кај Samsung уредите, како Note 9.

Galaxy Note 9 update

За време на конференцијата во Сан Франциско, Samsung гордо ја најави новата генерација на софтвер, наречена One UI, која ќе биде претставена на Galaxy Note 9 следната година.

Galaxy Note 9

Една од најголемите промени кои ги нуди софтверот е новиот и почист изглед во однос на претходните верзии на Samsung. Јужнокорејската компанија објасни како интерфејсот бил дизајниран со цел да го олесни користење на поголеми уреди, како Note 9, со една рака. One UI помага да се фокусирате на она што навистина е важно. 

Покрај Note 9, One UI ќе биде достапен и на Galaxy S9 и Galaxy S9 Plus од јанури. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.