x

НАСА ја претстави новата заштитна облека за астронаутите во вселената

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 18 Ноември, 2015 од GSM.mk

Американската вселенска агенција го претстави изгледот на новата заштитна облека за астронаутите, што ќе ја користат во идните мисии во вселената. Станува збор за два нови вида облека што ќе биде користена за мисијата на Марс...

Засега заштитната облека е прототип позната под ознаките PXS, истражувачка облека предвидена за носење при излегување од леталото во текот на патувањата околу Земјата или Марс, и Z2 заштитната облека наменета за движење по површината на планетата Марс.

Повеќето делови се направени со 3D принтер, а креатор е специјализираната компанија ILC Dover. Со оваа облека астронаутите ќе можат полесно да се движат, да излегуваат од роверот и да собираат примероци.

Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.