x

Наскоро батериите ќе ги полниме со допир

Категорија: Занимливости Објавено на 10 Февруари, 2013 од Бошко Лазаровски

Можеби овој уред ќе Ви изгледа како реквизит од филмот Matrix, но новиот изум може потполно да го промени начинот на полнење на батериите

Fujifilm има развиено лесен филм, кој се лепи за кожата и ја собира топлинската енергија која ја емитира нашето тело, а потоа ја конвертира во електрицитет.

Уредот наречен термоелектричен конвертор, би можел да го промени начинот на кој ги полниме батериите на нашите паметни телефони. Со помош на соларни панели, чија улога е ефикасна конверзија на енергијата, генераторот би можел да полни и поголеми електрични уреди, како лаптопи и eReader - и.

Материјалот на база на органски полимер го створи Fujitsu во соработка со Јапонскиот Национален институт за напредна индустриска наука и технологија (JSAP).

Тој може да детектира температурна промена во околината од само еден степен Целзиусов, што значи дека може да произведува електрицитет од моментот кога ќе ја допре кожата. Слични органски производи се произведени и порано, но новиот материјал е далеку поефикасен. Може да биде произведен во сите димензии, а толку е флексибилен што може да се замота околу било кој дел од телото.

Уредот на Fujifilm е претставен на Nanotech 2013 конференцијата во Токио, како и новите флексибилни звучници од истиот произведувач.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.