x

Наскоро доаѓа Android 13 на телефоните Samsung

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 11 Април, 2022 од GSM.mk

Пред нешто помалку од два месеци се појавија девелопер верзии на Android 13, а сега имаме информации дека Samsung конечно се подготвува да започне со отворено бета тестирање на Android 13 и One UI 5.0 интерфејсот.

Изворите сугерираат дека јужнокорејската компанија би можела да започне со тестирање во отворена бета верзија до јули. Ова треба да им овозможи на тестерите и на компаниите доволно време да го полираат новиот фирмвер за јавно објавување кон крајот на 2022 или почетокот на 2023 година.

Голем број Galaxy уреди (телефони и таблети) се подобни за претстојното јавно ажурирање на Android 13 и One UI 5.0, откако ќе излезат од бета верзија. Како и обично, предност ќе имаат поновите и помоќни уреди, а се очекува првите Galaxy телефони кои ќе добијат Android 13 да бидат серијата S22, Galaxy Z Fold 4 и Flip 4.

Треба да се напомене дека компанијата развива One UI 5.0 и нејзиниот UI 4.1.1 за своите претстојни телефони на преклоп, но се очекува оваа верзија на софтверот да биде достапна само за неколку уреди.


Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.