x

Наскоро пристигнува Huawei MediaPad C5 со 8 инчен дисплеј и Snapdragon 435

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 15 Јуни, 2018 од GSM.mk

Huawei MediaPad M5 линијата тукушто беше претставена во Америка, но според веб-страната MobielKopen, Huawei веќе планира нискобуџетна алтернатива, заедно со другите таблети..

Станува збор за MediaPad C5, сега за сега познат под името Monet, од кој ќе постојат две верзии - една само со WiFi и друга со LTE. Двата ќе доаѓаат со 8 инчен дисплеј со резолуција од 1200 x 1920 пиксели, Snapdragon 435 и Android7.0 Nougat.

Покрај овие детали, други спецификации сеуште не се познати за таблетот, но, бидејќи станува збор за следбеник на минатогодишниот MediaPad M5 Lite 8, очекуваме 3 или 4GB RAM и 64 или 128GB меморија. 

Датумот на претставување, како и цената, ги очекуваме наскоро. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.