x

Наскоро пристигнува OnePlus 6T Thunder Purple: Еве како ќе изгледа!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 04 Ноември, 2018 од GSM.mk

Пред неколку дена, OnePlus 6T официјално беше претставен во две нијанси на црна боја - Midnight Black и Mirror Black. Но, изгледа дека постои и трета, поегзотична верзија од 6Т..

Според /Leaks post, OnePlus "по грешка" ја најави и новата верзија на својата страна како опција за 6T. Oфицијално, новиот 6Т модел ќе биде достапен за претпродажба од 30 ноември. 


Гласините за постоењето на новата Thunder Purple боја се потврдуваат и со фотографиите и видеото кое се појави, како и со фактот што компанијата само потврди дека тестирала ваква верзија. Покрај тоа, OnePlus претстави интересни бои и за One Plus 6 и 5T.

Како ви изгледа Thunder Purple OnePlus 6T?? Дали би биле заинтересирани?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.