x

Наскоро пристигнуваат Samsung Galaxy J6 Plus и Galaxy J4 Plus

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 16 Септември, 2018 од GSM.mk

Во мај, Samsung најави и набрзо потоа претстави нов уред од средната класа - Galaxy J6. Сега компанијата го подготвува неговиот следбеник..

По претставувањето на J6, само неколку месеци подоцна се појавија шпекулации дека компанијата работи на поголем, J6 Plus, но до денес немаше никакви понатамошни информации за уредот. Сега знаеме дека компанијата дефинитивно работи на поголема верзија од J6 Plus.

Во внатрешноста на уредот, ќе се наоѓа Snapdragon 450, придружен од најмалку 4GB RAM и 64GB меморија. Ќе доаѓа со 5.6 инчен Infinity Display. Истотака, како и голем дел од Plus моделите на Samsung, Ј6 Plus ќе има дуален систем камери. На предната страна ќе има една селфи камера, додека батеријата ќе биде од 4,350mAh.

Заедно со Galaxy J6+, потврдена е и Galaxy J4+ верзија, која ќе биде поскапа од обичниот J4 модел кој беше претставен во мај. За жал, сега за сега нема повеќе информации за уредот. 

Samsung Galaxy J6+ and Galaxy J4+ could soon be announced


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.