x

Наскоро со помош на iPhone ќе може да се отклучува вратата од домот и автомобилот

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 29 Мај, 2018 од GSM.mk

Компанијата Apple има за цел да воведе нова функција, која ќе им овозможи на корисниците на iPhone да ја отклучуваат вратата од домот и автомобилот со помош на смартфоните.

„Engadget“ пишува дека ова ќе биде овозможно благодарение на NFC чип во смартфоните, кој овозможува користење на услуги, како што е Apple Pay. Тоа значи дека чипот ќе добие поширока примена.

Примената на NFC чипот се очекува да започне од следниот месец и би требало да го означи почетокот на користењето на iPhone телефоните за други почувствителни интеракции, од плаќање на превоз, преку отклучување на врата, па до проверка на идентитет.

NFC чиповите можат да се користат на бројни начини, вклучувајќи ја и употребата во здравствената индустрија.

Променети ќе ги донесе претстојниот iOS 12, а на овие можности компанијата Apple работи уште од 2014 година заедно со компанијата HID Global.

Претставувањето на новите можности се очекува кон почетокот на јуни на Worldwide Developers Conference (WWDC).

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.