x

Научници создадоа батерија која се полни за неколку минути и трае 20 години!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 08 Јануари, 2016 од GSM.mk

Замислете си да имате батерија во вашиот телефон која може да се наполни до 70% за само две минути? Сега, замислете си дека истата батерија ќе ви трае 20 години без да треба да ја замените...

Ова се карактеристиките на новите литиум-јонски батерии кои се развиваат на Nanyang Technology универзитетот. Наводно, резултатите се постигнати со забрзување на хемиските реакции кои се случуваат внатре во батеријата.

Наместо користење на анода изработена од графит, во новите батерии овој елемент е изработен од титаниум диоксид. Со тоа, батеријата добивате околу 10,000 циклуси на полнење наместо досегашните 500 (циклус на полнење е секој пат кога го полните телефонот од низок процент на батеријата до крај). Дополнителен бонус е што овие титаниумски аноди се ефтини и лесни за изработка.

Преку конвертирање на титаниум диоксидот во сферична форма и поставување во нано цевки (илјадници пати потенки од дијаметарот на човечко влакно) им дозволува на хемиските реакции да се одвиваат побрзо и со тоа батериите да ги добијат горенаведените карактеристики.

Првите проценки се дека овие батерии ќе бидат подготвени за комерцијална употреба во 2016-та година. Технологијата е веќе лиценцирана, а се очекува производството да започне наскоро. Останува уште големите компании како Apple и Samsung да почнат да се снабдуваат со нив и да ги вградуваат во своите телефони.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.